Технички Карактеристики

Зграда 1

Асеизмичка конструкција

Конструктивната стабилност на објектите е нашиот главен приоритет. Објектот е проектиран да издржи земјотрес од 9 степени на Меркалиевата скала и е проверен од Институтот за земјотресно инжинерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Бетонот и арматурата кои се употребуваат во објектот се со врвен квалитет кој се проверува во специјализирана лабараторија.

Одлична звучна изолација

Преградните ѕидови помеѓу становите ќе бидат изведени од керамички блок со дебелина од 16см. Од едната страна ќе бидат машински малтерисани, а од другата ќе биде изведена акустична облога од гипс-картон на метална подконструкција со исполна од 5см минерална волна. Ќе се примени редење од две гипс-картон табли со бандажирање на споевите и помеѓу споевите. Сите преградни ѕидови помеѓу собите во становите ќе бидат ѕидани од керамички блок со дебелина од 12см и истите ке бидат машински малтерисани. За подобра заштита од ударен и акустичен звук на меѓукатните плочи под цементната кошулка ќе биде вградена акустична мембрана со хемиски вкрстени јадра од полиолефин.

Прозорци со тројно стакло

Добрите прозорци се едни од најважните елементи во секој објект. Нашите прозорци се од производителот Inoutic од Германија. Профилот кој го користиме Prestige е со дебелин од 76мм, со 3 дихтунзи и тројно стакло. Ова ни овозможува да постигнеме многу низок коефициент на топлинска спроводливостод 0.95 W/m2km на целиот прозор и 0.60 W/m2k на стаклото. Тројното стакло исто така помага за добра звучна изолација од 47db.

Ролетни вградени во фасадата

Нашите ролетни се најдобар начин за заштита од прегревањето во летниот период. Изработени се од алуминиумски ламели исполнети со полиуретан и кутии со вградена термо-изолација. Предвидено е да се монтираат позади фасадата за почист надворењен изглед и подобри термички перформанси. Ролетните ке бидат поставени на сите стрни од објектот на прозорците од предниот план на фасадата.

Високо ниво на термо-изолација

Енергетската ефикасност на објектот ја остваруваме со користење на керамички термо-блок за надворешни ѕидови и стиропор од 10см на надворешноста. Со изолација се обработуваат и сите долни површини на плочите кон становите. На последниот кат, над масивната бетонска плоча користиме парна брана и 20см минерална волна, како термо-изолација и заштита од прегревање во лето.

Трослоен Дабов Паркет

Паркетот ја дава топлината на домот и е еден од најскапите елементи во ентериерот. За нашиот објект одбравме квалитетен трослоен дабов паркет (Таркет). Ламелите од паркетот се претходно финиширани во фабрички услови што гарантира воедначен квалитет на лакирањето на површините.

Санитарна опрема со модерен дизајн

Определени сме за современ и функционален дизајн на нашите објекти. Во бањата на секој стан тоа го остваруваме со вградување на елемнт за казанче со можност за конзолна WC школка, како и можноста да изберете помеѓу туш када и линеарен сифон за када од керамички плочки, квалитетни батерии и мијалник со простор за одлагање.

Плочки по избор на купувачот

Вашата индивидуалност во ентериерот можете да ја остварите со избор на плочки за сите површини од претходно дефинирана селекција од неколку модели на керамички плочки од Шпанско и Италијанско производство

Безшумна канализација

Користиме безшумни цевки на потребните места за намалување на звукот од канализацијара на соседните бањи. Водоводната инсталација е изведена од високо-квалиетни полиетиленски цевки.

Греење на Градска Топлификација

За најдобар комфор во станот, економичност и заштита на животната средина одлучивме објектот да го приклучиме на градската топлинска мрежа.

Електрика со модуларна галантерија

Сите преќинувачи и приклучоци се од програма за модуларна галантерија која дава модерен изглед.

Сигурностни влезни врати

Вашата сигурност ја остваруваме со сигурносни влезни врати со современ изглед и од македонско производство.

Лифт

Предвидени се два лифта со капацитет за пет лица со полуавтоматски врати и носивост од 600kg.

Проверете ги нашите објекти