Венјамин Мачуковски 36

Објектот е лоциран на ул. Венјамин Мачуковски веднаш до основното училиште Блаже Коневски во Општина Аеродром. Од другата страна на улицата се наоѓа голем парк, детски и спортски игралишта. Станбената зграда е во непосредна близина на централното градско подрачје, на локација каде што не се чувствува градскиот метеж и бучава. Објектот се состои од приземје, шест ката и поткровје, вкупно содржи 68 стана и четири деловни простории. Овозможено е надземно паркиралиште со 25 паркинг места и подземно паркиралиште со 32 паркинг места. Станбената зграда е слободно стоечка со отворен простор од сите четири страни. На запад е ориентирана кон улицата Венјамин Мачуковски. Погледот на север и исток е кон дворот од основното училиште. На јужната страна е насочена кон две постоечки станбени згради, од кои е оддалечена 15 м во најблиската точка меѓу нив.

Објектот е проектиран со два лифта и се карактеризира со високо квалитетна топлотна и звучна изолација, за подетални информации погледнете на следниот линк. Приклучокот на топлификација дополнително го олеснува живеењето во оваа станбена зграда.

  • Одобрение за градба:УП1 бр. 20-3/2021 на 30.04.2021
  • Адреса:Ул. Венјамин Мачуковски бр. 36
  • Завршување на градба: Мај 2023