114 Иво Лола Рибар

Зградите се лоцирани на булеварот Иво Лола Рибар број 112 и 114. Нивниот пристап е овозможен преку сервисна улица која е паралелна со булеварот а помеѓу објектот и булеварот е поставен зелен појас. Објектот на број 114 се состои од приземје, три ката и поткровје и вкупно содржи 17 станови . На приземјето се наоѓаат два стана со двојна ориентација од кои едниот има можност за користење на задниот двор. На погорните нивоа просторот е распределен на четири помали станови кои содржат по една спална. Становите се ориентирани кон север или југ и секој од нив има балкон. Овозможено е паркирање на возилата пред зградата и во подземна гаража.

  • Одобрение за градба:47-254 на 15.06.2017
  • Адреса:Иво Лола Рибар бр.114
  • Завршување на градба: Септември 2018