112 Иво Лола Рибар
Зградите се лоцирани на булеварот Иво Лола Рибар број 112 и 114. Нивниот пристап е овозможен преку сервисна улица која е паралелна со булеварот а помеѓу објектот и булеварот е поставен зелен појас. Објектот на број 112 се состои од приземје , три ката и поткровје и вкупно содржи 14 станови. Еден карактеристичен кат во овој објект се состои од два стана со една спална , ориентирани кон север или југ и еден стан со две спални соби кој има двојна ориентација. Секој од становите има балкон, а поголемиот има два балкони кои што се различно ориентирани. Ваквата организација се повторува на секое ниво. Овозможено е паркирање на возилата пред зградата и во подземна гаража.
- Одобрение за градба:47-296 на 04.07.2017
- Адреса:Иво Лола Рибар бр.112
- Завршување на градба: Септември 2018