21Б Козле

Зградата е лоцирана на улица Миле Поп Јорданов бр 21б во населбата Козле. Објектот се состои од приземје , два ката и поткровје и вкупно содржи 8 станови. На секој кат има по два стана, едниот ориентиран кон улицата а другиот кон внатрешноста на блокот. Становите се со различна големина - од 48м2 до 86м2. Овозможено е паркирање на возилата пред зградата и во подземната гаража. Становите кои се ориентирани кон улицата имаат отворен поглед кон паркот од другата страна на улицата, а од задната страна над првиот кат има отворен поглед кон Водно.

  • Одобрение за градба:36-10001 од 29.12.2015
  • Адреса:Миле Поп Јорданов 21Б
  • Завршување на градба: Почеток на 2017