108 Иво Лола Рибар

Зградата е лоцирана на булевар Иво Лола Рибар бр.108 во населбата Тафталиџе. Објектот се состои од приземје , три ката и поткровје и вкупно содржи 13 станови. До објекотот се пристапува преку сервисна улица која е паралелна со булеварот а помеѓу објектот и булеварот е поставен зелен појас . Соседството се состои од ниска станбена структура. Ова овозможува отворени погледи на двете страни на објектот. На катовите постои избор на станови со една спална со јужна ориентација, со две спални со двојна ориентација и мали станови од 35м2 со северна и источна ориентација. На приземјето може да се најде стан со сопствен пристап на задниот двор. Овозможено е паркирање на возилата пред зградата и во подземната гаража.

  • Одобрение за градба:47-2197 од 02.12.2016
  • Адреса:Иво Лола Рибар бр.108
  • Завршување на градба: Почеток на 2018